Вести Култура

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Со отворањето на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во КСП Јадро, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.

Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.

„Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.

Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска.

„Не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација во уметноста, не можеше да поднесе никаков конформизам, а најмалку овој кој го сведочиме, современиот во кој визуелните уметници и книжевната уметност котираат на пазарот како познати личности и прибегнуваат кон самобеатификација, самодивинизација како што вели таа во еден од стотиците брилијантни есеи“, изјава проф. д-р Маја Бојаџиевска.

За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Реакција на грчкото МНР за „македонската“ заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

ФОТО: Срѓан Керим со прегратка и честиташе на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе