„Петарда“ на Арсенал против Челзи

Водечкиот тим во англиското фудбалско првенство, Арсенал, во заостанатиот натпревар од 29. коло одигран на домашен терен во вторник, го совлада градскиот ривал Челзи со 5:0 (1:0).

Тросард (4) ја доведе домашната екипа во водство на самиот почеток од натпреварот по големата грешка на гостинскиот голман Петровиќ, кој не го затвори добро поблискиот агол од својот гол, а подоцна Вајт (52, 70) и Хаверц (57, 65) постигнаа по два гола конечните 5:0.

Арсенал сега има 77 бода, три повеќе со натпревар повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири повеќе со два меча повеќе пред третопласираниот Манчестер Сити. Челзи е деветти со 47 бодови.