Артета: Фантастично е на овој начин да испишете историја во Арсенал

Арсенал попладнево беше поуспешен од Вест Хем на гостувањето, каде победија со уверливи 6:0, а мора да се признае дека таков резултат не очекуваа дури ни најголемите оптимисти кај „топчиите“.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше задоволството по убедливата победа на неговиот тим на гостувањето против Вест Хем.

– Исклучително сум среќен поради победата, пред се поради начинот на кој што игравме, на начин на кој што го изнесовме натпреварот. Ова е убедлива победа на тешко гостување, што само по себе зборува за нашата доминација на оваа средба.

– Фантастично е кога ќе испишете дел од историјата на овој клуб. Во добар момент сме, а добрите моменти секогаш треба максимално да бидат искористени, порача Микел Артета.

Арсенал е третопласирана екипа во Премиерлигата, со 52 бодови, колку што има и Манчестер Сити на втората позиција, кој има и натпревар помалку. Ливерпул е лидер со 54 бодови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО