МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“ ЗА ОТВОРАЊЕ НА 16 ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО – БИТ ФЕСТ

Општина Битола се подготвува за реализација на уште едно незаборавно културно лето, исполнето со квалитетни културни содржини, нови концепти и традиционални манифестации.

Најголемото музичко доживување во Битола на официјалното отворање на 16 издание на БИТ ФЕСТ, најавува програма со висок квалитет.


За првпат, Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на отворањето на БИТ ФЕСТ 2024 ќе биде домаќин на спектакуларен настан кој ќе се одржи на 3 јули 2024 година, со почеток од 19 часот.

Следува несекојдневен настан, кој ќе постави нови стандарди во културата и музичкиот живот во Битола.


Подготовките се веќе започнати, а наскоро следуваат и детални информации за настанот, како и за целата културна програма на Битолскиот летен фестивал БИТ ФЕСТ.

Со ваквиот пристап, Општина Битола, продолжува да посветува посебно внимание на културниот живот во градот, овозможувајќи поддршка на домашната културна сцена, но истовремено поставувајќи ја Битола на светската културна мапа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …