Скопје

Без вода дел од Чаир, Центар и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска (среда):

– поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на ул. Волгоградска бр. 7, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Волгоградска, Желево и Невенска. (Општина Карпош)

– поради отстранување појавен дефект на приклучна водоводна цевка на ул. Никола Тримпаре бб, од 09:00 до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Аминта Трети (Ленинова), Дебарца, Никола Тримпаре, Коста Кирков и Борка Талевски. (Општина Центар)

-поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Благоја Паровиќ бр.56, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Ѓорѓи Поп Христов и Никола Малешевски, како и дел од корисниците од ул.Благоја Паровиќ (општина Чаир).

На почеток