Наш изборНаш ИзборОхрид

Велигденско-Ѓурѓовденски концерт во сабота во манастирот Свети Великомаченик Ѓеоргиј -Кнежино

На ден 11.05 (Сабота)во 12:00ч, во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј- Кнежино, ќе се одржи културно-уметнички настан. Имено светлата пасхална седмица ќе се заокружи со блесок на Велигденско-Ѓурѓовденски концерт на културно уметничките друштва на градот Кичево: “КУД – Бисер”, “КУД – Нико Пусоски”,
“КУД-Рацин”, и “КУД-Мадост”, и на наша голема радост учество ќе земат и младите талентирани ученици од насоката за традиционална песна и игра, при училиштето “Илија Николовски – Луј” од градот Скопје.
Ве покануваме да присуствувате на убавината на нашата традиција низ песна и игра.
Гостин на настанот ќе биде Епископот Антаниски г.Партениј со братството и сестринствата, информираат од Светата Пречистанска Обител Благовештение на Пресвета Богородица.