Аваја бара гласови за Ромите да имаат достоинствен живот


 

Новата ромска политичка партија Аваја е во интензивна кампања низ државата. Нејзините последни средби со граѓани беа во Кавадраци и Радовиш.

Акиф Кариман, претседателот на Аваја, на средба со жителите на Кавадарци рече дека нивните гласачи во првиот круг на претседателските избори излегле во мал број и не им дале „поддршка на политичарите кои сигурно ќе се пензионираат по овие избори и не ги поддржуваат политичарите кои на секои наредни избори одат од една во друга партија и се кријат зад нив. Овој пат имаме избор. Или ќе избереме некој што нема да помогне да напредуваме или ќе гласаме за Аваја, која ќе сѐ даде се од себе и сето наше знаење за да ја унапредиме состојбата на нашиот народ“, рече Кариман според соопштението на партијата.

Кариман вели дека Аваја не е тука да се заканува, туку да ја унапредува ромската политика, да даде место, простор и дом за сите Роми. Тој тврди дека Аваја е нов извор на надеж и спас.

Во Радовиш Кариман вели дека „не можеме повеќе да им дозволиме да продолжат да нѐ лажат и да нѐ плашат“.