Ведрана Рудан објави дека има рак

Хрватската писателка Ведрана Рудан на својот блог објави дека има рак. Објавата ја нарече „Ракот и јас“ и рече дека извесно време ќе престане да пишува на својот блог, пренесуваат хрватските медиуми.

„Имам седумдесет и пет години, многу мои врсници немаат рак, тие се здрави, во полна форма, а јас, јас… Дури и не верувам дека треба да размислувам дека се е добро и дека се ќе биде во ред, не се замарам со тоа…“, напиша таа и додаде:

„ Денеска престанувам да пишувам на мојот блог бидејќи ќе се посветам на лекување и ќе напишам книга за тоа. Кога авторот на книгата пишува за фазите на неговото умирање, се чита како лудо. Додуша, овие книги имаат смисла кога авторот ќе умре, се друго не е напнато. За жал, не можам да ви кажам дали ќе умрам, сигурна сум дека постои шанса.

Меѓу другото, во објавата Ведрана им се заблагодари и на своите лекари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e