Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски – Славе Николов, ќе суди на Олимписките игри во Париз. Ова ќе биде четврто појавување на Олимпијадите за нив, со што се здобија со приматот дека се едни од најдобрите.

Оваа судиска двојка претходно судеше на ОИ во Лондон во 2012, во Рио де Жанеиро во 2016 година и во Токио во 2021 година, што значи дека повеќе од една деценија е редовен учесник на најголемиот планетарен собир.

Покрај Начевски и Николов, правдата на ракометните натпревари на ОИ во Париз ќе ја делат уште 15 двојки од Европа и од светот.