Неизвесна трка за опстанок, кои екипи ќе останат во ракометната Суперлига?

Трката за опстанок во ракометната Суперлига станува се понеизвесна, четири екипи и понатаму се во тесен дуел за опстанок.

Прилеп е прв со 24 бодови, Куманово откако го доби Еурофарм Пелистер 2 се искачи на второто место со 23 бодови, а сега битолчани се трети со 21 бод, во трка за опстанок влегува и Вардар од Неготино кој е четврти со 18 бодови.

Овие екипи се со реални шанси за опстанок, останатите ги пакуваат куферите и се селат во Првата лига.

До крајот остануваат уште пет натпревари или во игра се 15 бодови.

Следното коло ќе биде клучно за битолчани и неготинци, ова ќе биде нивен меѓусебен дуел, предност за Еурофарм Пелистер 2 ќе биде домашниот терен, а евентуален пораз на Вардар Неготино ќе значи дека овој тим ќе биде голем чекор назад за третото место и баражот, па на тој начин Прилеп, Куманово и Еурофарм Пелистер 2 ќе останат во трката за двете места кои гарантираат опстанок и третото место кое води во баражот за опстанок.

Во следното коло лидерот Прилеп ќе гостува кај Мулти Есенс, Куманово како апсолутен фаворит патува кај Скопје, Голден Арт ќе добие три службени бода од мечот со Аеродром.

Александар Ванев, М-Нет