ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

Претседателски избори 2024: Во Охрид Сиљановска Давкова освои 14.702, Пендаровски 5.534, Димитриевски 3.015 гласови

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – По обработени 100% од гласовите на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), најмногу гласови во Охрид на вчерашниот прв круг од седмите по ред претседателски избори освои Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 14.702, или 54,09%.

Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата освои 5.534 гласови (20,36%), Максим Димитриевски од ЗНАМ 3.015 (11,09%), Бујар Османи од ДУИ 1.330 (4,89%), Билјана Ванковска Цветковска 1.280 (4,71%), Арбен Таравари 370 (1,36%) и Стевчо Јакимовски 132 гласа (0,49%).

Со ова ВМРО-ДПМНЕ го задржа стабилното тело во Охрид. Колку и да се различни изборните процеси, во 2021 година, на последниот изборен циклус, тогаш за локална власт, актуелниот градоначалник, д-р Кирил Пецаков освои скоро идентичен број гласови, тогаш 14.380 или 48,47% од гласачкото тело.

Граѓаните на Република Македонија го дадоа својот глас за новиот шеф на државата кој ќе ја води во текот на следните пет години. Во изборната трка се седум кандидати, што е најголем број на кандидати во историјата на државата. За победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8-ми мај, заедно со парламентарните избори.

Кандидати за прв човек на Република Македонија се Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стевчо Јакимовска од ГРОМ, Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука