21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците повеќе сакаат да купуваат од домашните онлајн продавници!

Македонците повеќе сакаат да купуваат од домашните онлајн продавници!

Вредноста на производите кои македонците ги купиле од интернет продавници во текот на ланската година изнесува 709 милиони евра, а тоа претставува раст за девет отдто во споредба со 2023 година. Податоците кои ги објави Народната банка покажуваат дека зголемување е регистрирано и кај вкупниот број на онлајн трансакции или 21,6 што претставува раст за 11,4 отсто во споредба со годината претходно.

Официјаните податоци велат дека просечната вредност на направените трансакции изнесува 33 евра. Македонците и странците со своите картички оствариле скоро 66% од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 34% од трансакциите. Според Ациоцијацијата за Е-трговија велат дека минатата година ја одбележа и унапредувањето на понудата односно побогата понуда и примамливи промоции од домашните е-трговци, како и зголемување на понудата за домашните купувачи од интернационални е-трговци како Тему каде единствена платежна опција е плаќањето со картичка. Ефектите врз порастот останува да ги видиме преку податоците за првиот квартал годинава, а секако граѓаните ќе ги менуваат навиките и ова ќе влијае на вештините за онлајн купување кои што еволуираат.

„Кон македонските е-трговци од иматели на домашни и странски даватели на платежни услуги направени се 26,136.6 милиони денари или 425 милиони евра што преставува 60% од вкупната вредност на онлајн трансакции. 40% од вкупната вредност на онлајн трансакциите Македонците ја направиле во странство“, велат од Асоцијацијата.

Од извештајот пак на Нардоната банка може да се забележи и дека расте бројот на виртуелни продавници. Регистрирани биле 1666, но активни се 1312 онлајн продажни места, што е за 15 отсто повеќе во 2024 во однос на 2023 година. Од Асоцијацијата за онлајн трговија очекуваат оваа година овој клучен сектор да се унапредува како што расте онлајн купувањето и очекувањата на купувачите, како и плаќањата.

„Асоцијацијата за е-трговија и минатата година со своите активности придонесе за проширување и зајакнување на понудата во е- трговија, унапредување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија и зајакнување на довербата во онлајн купувањето. Преку активности како што е регистар на е-трговци, беџот за верификувани е – трговци и информативно-едукативните кампањи за јавноста влијаеме на поголема информираност, свесност и само-заштита на граѓаните со што придонесување и за унапредување на страната на побарувачката”, изјави Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, д-р. Нина Ангеловска Станков.

Инаку, оваа Асоцијација годинава по осми пат ќе ја организира Meѓународната конференција за Е- трговија, која традиционално се одржува кон крајот на годината, односно месец ноември.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП