Лавров: Косово е „територија на целосно беззаконие“

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека е срамно што Парламентарното Собрание на Советот на Европа даде „зелено светло“ таканареченото Косово да биде примено во полноправно членство во Советот на Европа.

Во интервју за АТВ на Бања Лука, Лавров рече дека сите го знаат фактот дека Косово е „територија на целосно беззаконие“ и посочи дека Западот го нарекува „светилник на демократијата“.

– Таму никогаш немало демократија, тоа е територија на организиран криминал, територија на етничко чистење на Србите“, рече Лавров.

Тој смета дека признавањето на таканареченото Косово и воведувањето санкции против Русија се услови на Брисел за Србија доколку сака да стане членка на Европската Унија.

„Брисел целосно го игнорира пријателството на двата народа и заедничките битки за слобода, независност, православие и Словени, тоа не го интересира Западот. Всушност, би рекол, тие се заинтересирани, но со негативен предзнак и затоа сметаат дека се треба да се уништи“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Лавров: Предлогот на Кина за прекин на војната во Украина е најразумен досега

Горан Наумовски

Лавров: Прашањето кој му припаѓаат Крим и Севастопол е засекогаш затворено

Горан Наумовски

Лавров: Западот всушност веќе води војна против Русија