Search

Премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, домаќини на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 22.11.2023 година (среда) ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, што се одржува во хотел „Хилтон” во Скопје.

Пред почетоток на состанокот, премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Воедно, изјави за медиуми пред почетокот на состанокот, ќе имаат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

По изјавите, ќе следи неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузните од регионот, по што лидерите ќе одржат заедничка прес- конференција во 11:40 часот.

Треба да знаете
Последни објави