„Мундо Депортиво“: Зинедин Зидан е сè поблиску до клупата на Баерн Минхен

Зинедин Зидан е на чекор до клупата на Баерн Минхен, објави каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Дознаваме дека преговорите се во завршна фаза, и двете страни сметаат дека сè е завршено. Зидан само побарал да му се донесат засилувања, посебно во одбраната“, пишува весникот.

Легендарниот француски фудбалер, кој како тренер на Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите (2016,2017,2018), треба да претставува експресен одговор на управата на Баерн Минхен откако утринава беше објавено дека нивната прва желба, Јулијан Нагелсман, го продолжил договорот со Фудбалската федерација на Германија и ќе ги води Панцирите и на СП 2026 година.

 

Зидан од 2021 година е без ангажман откако си замина од Реал Мадрид, требаше да стане селектор на Франција, но пласманот во финалето на Триколорите на СП 2022 година му донесе нов договор на актуелниот селектор Дидие Дешан.

Зидан се поврзуваше и со екипите на ПСЖ, Јувентус и Манчестер јунајтед, но се чини дека најконкретен беше Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести