Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист гејт мол“


За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Ова се прави по примерот на Orange Bike Ride што се одвива низ целиот свет за време на Денот на кралот на Кралството Холандија.

„Посетителите ќе се возат велосипеди околу трговскиот центар. Ги каниме сите урбани велосипедисти да дојдат и да го прославиме Денот на Кралот со возење велосипеди на холандски начин“, наведено е во соопштението од организаторите на настанот.

Ќе има подароци, музика, храна, а во просториите на „Ист Гејт“ ќе има и изложба и натпревар за најдобро украсен велосипед од повеќе средни училишта од Скопје.

Сите велосипедисти ќе се чекаат во 16:00 на платото на Ист Гејт Мол за Портокаловата велосипедска тура, како и во 17:00 за отварањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт.