ФИФА му ja одби жалбата на Овермарс за суспензијата

Светската фудбалска федерација (ФИФА) му ја отфрли жалбата на поранешниот холандски репрезентативец Марк Овермарс (50) кој е суспендиран на една година, односно до ноември годинава, поради сексуално вознемирување на вработена во Ајакс.

Во февруари 2022-та, Овермарс мораше да ја напушти работата во Ајакс поради „неприфатливо однесување“. Беше откриено дека тој им испраќал непримерни пораки и фотографии на некои вработени во клубот.

Ајакс веднаш го суспендираше, а минатата година независна комисија го казни со двегодишна суспензија, од кои една условно.

Но Фудбалската федерација на Холандија (КНВБ) побара од ФИФА домашната суспензија да се применува на глобално ниво.

Откако ФИФА му изрече глобална суспензија, Овермарс се повлече од функцијата технички директор на белгискиот шампион Антверпен, кој го презеде во првата половина на 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО