Кошмарна вечер за Барселона: ПСЖ до убедлива победа за полуфинале! (ВИДЕО)

Иако допатува со предност од првиот меч во Париз, Барселона е елиминирана од Лигата на шампионите, откако францускиот тим славеше на гостувањето со 1-4, и така со вкупни 6-4 оди во следната фаза. Многу на „светците“ им помогна и црвениот картон на Араухо во раната фаза, кој дефинитивно го смени текот на натпреварот, во миговите кога Барса имаше предност.

Рафиња во 12. минута по асистенција на Јамал донесе предност, и се чинеше дека Барселона граби кон полуфиналето во ЛШ. Меѓутоа следуваше првиот од многуте шокови, откако Араухо во 29. минута доби директен црвен картон. Во тие мигови Чави мораше да прави измена, па се реши да го повлече Јамал, и да стави стопер.

Сепак, Барселона не издржа долго со 10 играчи во поле, па Дембеле во 40. минута носи израмнување.

Кошмарот на Барса продолжува и во вториот дел. Витиња во 54. минута носи предност за ПСЖ. Потоа Барселона останува и без тренер, Чави добива црвен картон. Конечниот удар на Барселона и беше зададен во 61. минута откако Мбапе прецизно го изведе пеналот, донесе резултат кој го носи Париз во полуфиналето. Точка на победата и на пласманот во следната фаза стави Мбапе со гол во 89. минута.

ПСЖ оди на дуел со Борусија Дортмунд во полуфиналето.

Се вчитува...