Лука Модриќ и Начо станаа најтрофејни фудбалери на Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија откако Жирона на домашен терен ја совлада Барселона со 4-2 во дербито од 34.коло. На четири кола до крајот, Реал има  13 бода предност пред Жирона, која ја помина на второто место Барселона, која има бод помалку од каталонскиот ривал.

Тоа е 36. шампионска титула за Реал, а до сега е остварена само со еден првенствен пораз. Лука Модриќ стигна до својот 25. трофеј во Реал Мадрид и стана играчот со најмногу трофеи во историјата на „кралевите“. На врвот е изедначен со Карим Бензема, Марсело и Начо. Модриќ може да освои уште еден трофеј оваа сезона, исто како и Начо.

Модриќ и Начо имаат шанса да стигнат до трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...