АктуелноОхрид

Продолжува протестот на вработените во Пошта – ќе се штрајкува се до исплата на платата

Ја информираме пошироката јавност дека и денес продолжува протестот на вработените во Подружница 6000 Охрид од 08.00 до 10.00 часот заради тоа што до овој момент сеуште не е исплатена Февруарската плата и сеуште нема одговор од страна на ген.директор кога ќе има исплата на платата.Протестите ќе продолжат се додека не се исплати платата.

Се очекува во секој момент да се одржи состанок на претседателството на Синдикатот на Македонска Пошта на кој што ќе се донесе одлука на отпочнување на постапка за штрајк со реафирмирање на веќе постоечките барања искажани,забележани и преточени во вид на заклучоци во досегашните спогодби со менаџерскиот тим на Пошта,но за жал ништо или много малце е од сето тоа импленетирано.

Основен проблем за се ова е лошта кадрова политика,односно тоа што од една страна се нема воља да се започне со вакви коренити реформи но од друга страна имаме се помалце стручен кадар и непосредни извршители во технолошкиот процес кој би го понеле товарот на реформите,и едноставно по сопствена воља ја напуштаат компанијата заради ваквата неодржлива и незавидна ситуација.Затоа пак за сметка на тоа имаме огромен број на партиски вработувања на нестручен и апсулутно непотребен кадар кој што нити може,нити знае,нити пак има воља да отпчне со вакви процеси кои што значат спас за друштвото.

Претставник на СМП Охрид – Тони Матески