Вести Свет Топ вести

Судот во Стразбур може да постапи по барањата на Холандија и Украина против Русија

Европскиот суд за човекови права соопшти дека може да суди по тужбите поднесени против Русија од страна на Холандија и Украина за кршење на човековите права во источна Украина во 2014 година, вклучувајќи го и соборувањето на малезискиот патнички авион MH17.

Двете земји ваквите тужби ги поднесоа пред руската инвазија на Украина, а одлуката на највисокиот европски суд е значителен напредок во напорите на Холандија и Украина да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините постапки во Украина и може да отвори врата за компензацијa.

Судот соопшти дека доказите презентирани на сослушувањето минатата година покажале дека од 11 мај 2014 година, областите контролирани од сепаратистичките бунтовници биле „под јурисдикција на Руската Федерација” и дека Москва имала „значително влијание врз воената стратегија на сепаратистите” вклучувајќи и испорака на оружје, артилериски напади на барање на бунтовниците и обезбедување политичка и економска поддршка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе