Утрински Весник
Спорт

Американците пријавија НБА-дрим тим за Игрите во Париз

Kari Lebron.jpg
300x250 (7)

Најголемите американски ѕвезди во кошаркарската НБА лига го потврдија својот настап на Олимписките игри во Париз, па репрезентацијата на САД повторно ќе бидат прв фаворит за освојување на „златото“ на ЛОИ. Познати се 11 од вкупно 12 кошаркари кои ќе настапат на Игрите, а последното место ќе биде пополнето дополнително. Тимот ќе го предводат Леброн Џејмс и Стеф Кари, а тука се уште: Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Жоел Ембид, Девин Букер, Џру Холидеј, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс, Ентони Дејвис и Бам Адебајо. Во првото коло на олимпискиот турнир Американците во групата Ц ќе се сретнат со Србија за која се уште е неизвесно дали ќе игра НБА-ѕвездата Никола Јокиќ. Натпреварот се игра на 28 јули.

Ss1

Можете да прочитате

Барселона го има најскапиот фудбалер на светот

Миленковски му го отстапи селекторското столче на Наковски

Лазаров одбра 20-кандидати за бараж-двомечот со Фарски Острови