Зеленски: Сега ни треба помош, Украина нема да успее…

262

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизиска и радио компанија CBS News најави дека во наредните месеци ќе започне голема руска офанзива.

– Зборуваме за крајот на мај или јуни. И не само што треба да се подготвиме за ова, треба не само да ја стабилизираме ситуацијата, бидејќи понекогаш партнерите се навистина среќни што ја стабилизиравме ситуацијата. Велам, дека сега ни треба помош – нагласи Зеленски.

Иако, како што рече, одбранбените сили успеале да ги задржат Русите, но дека тие не се подготвени да се одбранат од уште една голема руска офанзива без помош од партнерите.