Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ втор стрелец, Уникс со победа ја отвори полуфиналната серија во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ имаше посакуван старт на полуфиналната серија со Локомотив Кубањ во ВТБ лигата.

Избраниците на Велимир Перасовиќ го одбранија домашниот терен и славеа со 78:75. Домашните играчи имаа се под контрола во првиот дел кој го заврши со плус 13 (38:25), во тој стил продолжија и во третиот период за да во завршните десет минути гостите притиснат и сериозно се доближат, но Уникс го имаше последниот збор и дојде до триумфот.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ беше втор стрелец кај победникот со 16 поени зад Грин со уфрлени 19 кошеви. Нено собра и 2 скока со 6 асистенции и 3 украдени топки.

Вајт пак со 15 поени ја предводеше листата на стрелци кај поразените.

Вториот меч во серијата е закажан за 8 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни