ВИДЕО: Пелистер ја оствари и четвртата победа сезонава во АБА 2 лигата

КК Пелистер има одличен старт на сезоната во АБА 2 лигата/фото: kfsm.mk

Кошаркарскиот клуб на Пелистер слави и по четвртипат оваа сезона во АБА 2 лигата. На вториот турнир во Сараево (БиХ) македонската екипа триумфираше над Горица со резултат 100:91.

Битолскиот состав има четири победи во пет натпревари, доволно за приклучок со врвот на табелата и оние екипи кои засега се без пораз.

Пелистер на денешниот меч имаше далеку подобар финиш во однос на хрватскиот претставник. На помалку од минута до крајот на средбата разликата беше само еден кош разлика, а пресудна улога во одличниот финиш на Пелистер имаа двајца кошаркари – Хаџифејзовиќ и Стајиќ.

Босанскиот интернационалец Хаџифејзовиќ постигна дури 10 од своите крајни 24 поени во последната четвртина и беше најзаслужен за пресвртот што го направи Пелистер.

А при резултат 92:89, на 47 секунди пред крајот, Стајиќ постигна мошне важна тројка за „плус шест“ (95:89). Веќе во наредниот, постигна уште една, за голема радост кај „зелено-белите“.

Освен клучните тројки, Стајиќ подели и девет асистенции до своите соиграчи. Свој печат на оваа победа, со 22 поени и осум скокови стави и искусниот Караџовски, но и сè подобриот Карутерс, кој својот добар настап го заокружи со 24 реализирани поени.

На табелата Пелистер е на четвртото место со девет бодови, колку што има и Борац Бања Лука на третото место, а на првите две позиции по 10 бодови се Хелиос Домжале и Крка Ново место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот