Винисиус: Време е да го вратиме Реал Мадрид онаму каде што припаѓа

Винисиус беше човек на одлука за Реал Мадрид во синоќешното реми против Баерн Минхен, откако Бразилецот ги постигна двата гола за „кралевите“ со кои шпанскиот гигант се најде во добра ситуација пред реваншот во Мадрид.

Тој не го криеше задоволството од добрата партија, но и не го заборави Тони Крос, јавно фалејќи го германскиот ветеран за маестралната асистенција при првиот гол за Реал.

„Првиот гол беше подарок од Тони Крос. Кога ќе добиете такво додавање, најлесно од се е да постигнеме гол. Добро се познаваме, работиме на тренинзите и тоа дава резултат. Сакавме да победиме и во Минхен, но премногу често ја губевме топката, тоа не смее да ни се случува против квалитетни ривали како што е Баерн. Сега е време за уште една магична ноќ на „Бернабеу“, време е да го вратиме Реал Мадрид онаму каде што припаѓа – во големото финале од Лигата на Шампионите“, изјави Винисиус, кој со гол му го донесе последниот пехар на „кралскиот клуб“, во финалето пред две години против Ливерпул.

Се вчитува...