еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Царините на САД за Европа, ќе го намалат растот на економијата и ќе ја зголемат инфлацијата

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки, информираат од Народната банка.

Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како економии со висок степен на интегрираност во светската трговија.

На настанот, воведно излагање имаше Пјеро Чиполоне, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

„Според процените на ЕЦБ, доколку САД воведат царини од 25% на увозот од Европа, би се намалил растот на европската економија за околу 0,3 до 0,5 п.п. на краток рок.

Доколку Европската Унија (ЕУ) исто така воведе царини, инфлацијата во еврозоната би се зголемила за околу 0,5 п.п. Со оглед на високиот степен на трговија со ЕУ, можни се преносни ефекти и во регионот.

За намалување на овие ризици, од особена важност е водењето претпазливи макроекономски политики и засилувањето на структурните реформи со кои економиите од регионот би ја зголемиле својата отпорност на надворешните шокови и би ја забрзале доходовната конвергенција.

На регионалната средба се разговараше и за важноста на реформите во сферата на прекуграничните плаќања за поттикнување на трговијата, вклучително и на регионалната трговија и економскиот раст.

Во нашиот регион, токму членството во СЕПА би придонесло за брз и ефикасен платежен систем со помали трошоци, зголемувајќи ја конкурентноста на нашата економија,“ велат од Народна банка.

На гувернерската тркалезна маса, покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваа и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, в.д. гувернерот на Банката на Словенија, Примож Доленц, гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирена Радовиќ и гувернерката на Централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведоа 33% царини за увоз од Македонија

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаични системи

Редакција

Хорор во Велес: Сакал да ја убие сопругата тепајќи ја со кабел

Редакција

(Фото) Во сообраќајка во Албанија животот го загуби осумгодишно дете од Македонија, петмина се повредени

Редакција