Паднаа Фејсбук и Инстаграм

Популарните социјални мрежи на компанијата „Мета“, Фејсбук и Инстаграм се недостапни за корисниците.

Проблемот со логирањето до мрежите настана нешто по 16 часот, меѓу кои и апликаицијата Месинџер.

Ова се случува и на глобално ниво, што може да се забележи и преку платформата DownDetector, каде луѓе пријавуваат дека немаат пристап ниту од Америка, Бангладеш, Филипини, Ерменија, Мјанмар, Велс…

Засега нема официјално соопштение од „Мета“ за настанатата ситуација.