ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Вучиќ е тажен поради поразот на ДУИ

Таравари: Вучиќ е тажен поради поразот на ДУИ

Кандидатот на албанската опозиција, Арбен Таравари, од митингот во Желино, рече дека доцна му текнало на неговиот противник Османи, да излегува од иницијативата Отворен Балкан, како проект на Вучиќ и Лавров. Намесот тоа, Таравари рече дека уште повеќе ќе ги продлабочи врските со Косово и Албанија.

„Ќе му кажам на Пишман аџијата дека сега е доцна. Останавте сами во кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој е тажен поради поразот на ДУИ. Ќе ги продлабочиме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа од една крв. Нема да постапиме како мој противкандидат кој ја оствари првата посета како министер за надворешни работи во Белград, а никогаш немал билатерална посета на Република Косово“, рече Арбен Таравари, Кандидат за претседател на ВРЕДИ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button