Скопје, 11 ноември 2025 Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски, во изјавата за Локално.мк., се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува ...

„Да укажеме дека Македонија е една од малкуте земји кои користат вакви европски кохезиски фондови за развој. Тие имаат строго утврдени процедури за трошење на средствата и токму поради тоа, при ваков скандал по автоматизам се носи времена одлука за прекин на користење на парите. По временото стопирање, без да знаеме до каде ќе оди истрагата и што ќе излезе на виделина, можно е оваа мерка да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД-програмата“, ...