Израел не го доби сето оружје што го побара, вели американски генерал

Виско рангиран американски генерал во четвртокот изјави дека Израел не го добил целото оружје што го побарал, делумно затоа што администрацијата на претседателот Џо Бајден немала волја да обезбеди одредено вооружување.

Вашингтон годишно испраќа 3,8 милијарди долари воена помош за Израел, неговиот стратешки и најблизок сојузник на Блискиот исток. САД набрзина испратија системи за противвоздушна одбрана и муниција во Израел, но некои демократи и арапско-американски групи ја критикуваа администрацијата на Бајден за нејзината континуирана поддршка за Израел, за којашто тие велат дека остава впечаток на неказнивост.

„Иако воено ги поддржуваме, тие не добија сѐ што побараа. Дел од причината е затоа што тие го бараат она што ние не можеме да го испорачаме или не сме подготвени да го испорачаме, не сега“, изјави генералот Чарлс К. Браун, шеф на Здружениот генералштаб на САД.
додаде Браун.

Израелската офанзива предизвика противење во Демократската партија на претседателот Бајден, предизвикувајќи илјадници луѓе да се изјаснат како „неопределени“ на прелиминарните избори на партијата за нејзината претседателска номинација на изборите во ноември годинава.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се состана со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во Вашингтон претходно оваа седмица, а Пентагон соопшти дека се разговарало за безбедносната помош за Израел.

„Тоа е постојан дијалог“, рече Браун.