Македонија
Објавени резултатите од конкурсот за стипендии за средношколците медицинари
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување на 500 стипендии за ученици кои доаѓаат од дуалните паралелки од здравствена заштита во учебната 2023/2024 година.
„Секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во три примероци од договорот за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка на ученикот го доставува до МОН, директно преку писарницата во министерството (договорот може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), oд 20.03.2024 до 03.04.2024 година.“, соопшти МОН.
Одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на електронското решение од МОН кое ќе биде прикачено на електронската апликација на ученикот и во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.
Линкови до резултатите:
https://mon.gov.mk/stored/document/Lista%20so%20dobitnici.pdf
https://mon.gov.mk/stored/document/Dogovor%20dualni%20paralelki%202023-24.pdf
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот