ФОТО - 403 килограми хероин

Објавил: Калина Мартинска | 20 април, 2024 17:16

Бугарија заплени хероин вреден речиси 9 милиони евра

Фото/Текст извор: ©telma.mk

Бугарските цариници заплениле околу 403 килограми хероин, пронајдени во камион со турска регистрација на пат од Иран кон Западна Европа.

Хероинот бил сокриен во душеци за спиење со кои бил натоварен камионот.


Официјалните лица ја процениле количината на дрога на 8,5 милиони евра.

Камионот е запленет на контролниот пункт Капитан Андреево на турската граница, изјави регионалниот обвинител на Хасково, Иван Стојанов.

„Да си честитаме за овој навистина голем успех“, рече бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов.

Се смета дека дрогата потекнува од Иран и била наменета за дистрибуција во некои од 27-те земји на Европската унија, рече тој.


Турскиот камионџија беше приведен и може да се соочи со затворска казна до 20 години доколку биде осуден за шверц на дрога.

Бугарија, која се наоѓа на рутата на дрога од Блискиот Исток до Западна Европа, презеде огромни чекори во последните години за да го спречи шверцот со наркотични средства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.