(Видео) Спасески: „Стратешките партнери“ се најголеми непријатели на Македонија

На вчерашната „ноќна стража“ во близина на црквата Св. Спас, кај вечното почивалиште на Гоце Делчев, каде голем број членови на Левица, почитувачи на гоцевото дело останаа доцна до ноќните часови на полициските барикади.

Ванчо Спасески од Левица разговараше со новинарите од Инфомакс за односот помеѓу Македонија и Бугарија, и актуелната политика која ја водат нашите Западни партнери. На прашањето „дали ова е последица на договорот со Бугари“ Спасески изјави:

Oва ништо не е случајно, ова е концепт направен многу порано. Едно по едно си сложуваат коцкичките на мозаикот. Прво беше грчкиот преспански договор, Бугарите не покажуваа такви аспирации, чекаа тоа да помине, па отпосле ја отпочнаа, за жал оваа лоша прикаска.

Најстариот член на ЦК на Левица вели дека „стратешките пријатели“ на Македонија се покажале како душмани на оваа држава и народ, кои никогаш не застанале зад интересите на Македонците.

Нашите „стратешки пријатели“ еве така да ги наречам, по сево ова што го прават, изгледа се наши стратешки душмани. Пријатели се за сите околу нас, ама не и за нас, не гледам такво нешто. Тогаш кога ќе излезат нашите „стратешки пријатели“ и јавно ќе кажат го поддржуваме македонскиот народ, ја поддржуваме Македонија, ја штитиме како што ги штитиме интересите на другите, тогаш ќе веруваме дека ни се стратешки партнери.

Во продолжение Спасески додаде дека и да се случат уставните измени, односот на Бугарија кон Македонија нема да се промени, ниту пак ќе продолжи „европскиот пат“ на државата затоа што тогаш ќе се отвори нов проблем и констатираше дека никогаш претходно не им се забранувало на Македонците да пријдат до гробот на македонскиот великан.