Најмалку две лица загинаа во рускиот ракетен напад на Запорожје

29

Најмалку две лица загиаа во рускиот ракетен напад на станбени објекти бо регионот Запорожје, соопшти шефот на кабинет на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.

Како што наведе, погодени се згради во предградието на градот Запорожје, како и дека се соборени некои руски ракети.

Гувернерот на Киевската област Олексеј Кулеба рече дека противпожарната одбрана работи во регионот и им порача на жителите да останат во скривниците.

Украинскиот дистрибутер на електрична енергија соопшти дека во северниот регион Сума дошло до прекин на струјата по последните ракетни удари.