Едвардс и Минесота со лекција за шампионот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота тимбервулвс поведоа со 1-0 против актуелниот шампион во НБА лигата Денвер нагетс во полуфиналната серија во Западната конференција откако рано утрово славеа на гостувањето во Колорадо со 99-106.

Убедливо најдобар поединец во таборот на гостинскиот тим беше Ентони Едвардс кој мечот го заврши со 43 поени, а одлична ролја имаше и Наз Рид кој уфрли 16 поени, од кои 14 во последниот период.

Кај домаќините иако Никола Јокиќ заврши со 32 поени, тој немаше своја вечер бидејќи шутираше 11 од 25 од игра, а имаше и седум изгубени топки.

Се вчитува...