Следете не

Кичево

Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст

Објавено пред

на

©porta.mk

Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи  29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.

Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:

•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра

Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.

Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА

Кичево

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

Објавено пред

на

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички-пешаци и го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка, а другата се здобила со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Денес кнежинскиот манастир блесна со Ѓурѓовденски концерт, каде културно уметничките друштва на градот се претставија со свои традиционални ора

Објавено пред

на

©porta.mk

Денеска во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј во с. Кнежино – кичевско, се одржа културно-уметнички настан, со кој практично се заокружува светлата пасхална седмица со блесок на Велигденско-Ѓурѓовденски концерт на културно уметничките друштва на градот Кичево КУД „Бисер“, „Нико Пусоски“, „Младост“ и „Рацин“. Програмата ја водеше г-дин Цане Ѓорѓиоски, основач на КУД „Бисер“, кој му се заблагодари на нашиот возљубен старец, игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј и му посака добро здравје.

Гости се разбира беа нашите Сестри од манастирот Св.Пречиста, како и членови од Хорот Митрополит „Козма Пречистански“, додека овој преубав настан, со своето присуство го збогати и директорот на НЦУК „Кочо Рацин“ од Кичево, г-дин Мазлам Османи кој секогаш е присутен на сите настани на фолклорните ансамбли во Кичево, како голем поддржувач на истите.

Во видео запис од нешто помалце од еден час ќе уживате во убавите традиционални македонски ора

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“

Објавено пред

на

©porta.mk

Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.

Дворот на храмот заштитник на град Кичево беше претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.

Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!

Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт17 минути

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево8 часа

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин10 часа

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет10 часа

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин10 часа

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија15 часа

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

Спорт23 часа

Пол беше подобар од Медведев, победи на Зверев, Хуркач и Циципас во Рим

Американскиот тенисер Томи Пол се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:1,...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за среда (15 мај)

ОВЕН Учествувајте во она што се случува околу вас, во спротивно ќе бидете изоставени кога станува збор за донесување одлуки...

Спорт1 ден

Селими ќе го предводи тимот на Македонија до 17 години во фудбал

Селекцијата на Македонија до 17 годфини има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа...

Хроника1 ден

Седумесечно бебе паднало од импровизиран кревет, со повреди на главата не преживеало

На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен...

НАЈЧИТАНИ