Сите велат дека личи на мајка му: Кијану Ривс и неговата девојка добија големо внимание на црвениот тепих

Двајцата во неделата прошетаа на црвениот тепих на еден настан и не криеја колку се сакаат.

Киану Ривс (59) и неговата девојка Александра Грант, која е пет години помлада од него, во неделата се појавија на „Мока Гала“. Тие заедно прошетаа на црвениот тепих и го украдоа целото внимание.

Странските медиуми јавуваат дека подоцна пред сите си размениле пријатност. Тие обично не се појавуваат често заедно во јавност, а кога се појавуваат секогаш предизвикуваат конфликтни реакции поради изгледот на Александра, односно нејзината седа коса која не сака да ја бојадиса бидејќи сака да биде природна. Затоа сите коментираат дека таа изгледа како да е мајка на познатиот актер, а не негова девојка, односно изгледа постаро од него иако е пет години помлада. Како и да е, двајцата се сакаат и не се двоумат да го покажат тоа секогаш кога ќе се појават заедно во јавност.

„Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што градиш кариера пред да започне врската. Така беше со мене. Се чувствувам многу сигурна во мојата врска и на црвениот тепих, и како двојка и сама“, изјави еднаш Александра за People.

Двајцата најпрво се запознале и соработувале на книгата „Ода на среќата“, која ја напишал Кијану, а ја илустрирала Александра. Со текот на годините нивното пријателство се претвори во љубов.