ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Љуботен без чиста вода дома

Жителите на Љуботен без чиста вода дома

Сериозниот проблем на жителите на Љуботен со водата за пиење и понатаму останува нерешен. Во текот на летото нивните чешми често се суви, а на зима водата е претежно матна. Воопшто не ја користат за пиење, бидејќи се плашат за своето и за здравјето на своите деца. Решението веќе неколку години им е селската чешма. Некогаш во минатото со стомни и коњи, а сега со пластични шишиња и автомобили.

“Доаѓаме тука, од 2010 ја донесовме водата. Водата е добра. Ваква вода нема никаде да бараш и било каде. Јас сум од Љуботен. Кога врне, водата дома се заматува. Не е добра за пиење. Ја користиме за перење”, рече еден жител.

“Нема по куќите. Еве полниме овде.
Зошто полните овде?
Затоа што е подобро, нема бигор. Кога ќе го наполните чајникот дома со вода, го отстранува бигорот. Кога врне, излегува матна, но имаме бунари. Веќе 20 години, одиме таму полниме кај изворот. Не е чисто, ти се гади да ја пиеш. Не е чиста”, изјави еден жител.

Но, не полнат вода од селската чешма само жителите на Љуботен, туку и многумина од други општини, кои исто така се жалат дека водата во нивните чешми не е за пиење.

“Живеам во Ченто. Доаѓам и полнам вода овде веќе 13 години. Во Ченто нема вода за пиење. Не можам да ја пијам, бидејќи мириса на фекална вода. Цевките беа поставени пред ‘70 или ’65 година, уште не сум бил ни роден. Сè уште се такви. Доаѓам на секои 10 дена. Автомобилот го полнам”, додаде друг жител.

Од општина Бутел не ни одговорија дали се направени лабораториски анализи за точно да се знае дали водата во куќите на жителите во Љуботен е за пиење или не.

„Водоводот во Љуботен е изграден со средства од жителите на селото и тие самите се грижат за негово тековно одржување. Општина Бутел моментално е во фаза на изнаоѓање трајно решение за континуирано водоснабдување на населбите Љубанци и Љуботен, за што ќе биде информирана и јавноста“, велат од Општина Бутел.

Но, овој проблем останува нерешен со децении и покрај многубројните вакви ветувања, особено пред секои избори./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button