Search

КРИК 09 под тематската закрила „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“

На 26 април, со почеток во 19:30, во КПЦ Јадро, започнува Фестивалот за критичка култура КРИК 09 под тематската закрила „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, со нежната и моќна изложба на цртежи и објекти на Дубравка Угрешиќ „Црвеното училиште“

На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат.

Изложбата се реализира со пријателската поддршка на MAMA Zagreb (Мултимедијалниот институт од Загреб), во соработка со Контрапункт.

За проектот „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, организаторот во најавата ќе напише:

„На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можела да биде и нејзин. Пред писателката одненадеж искрснале два света – дамнешен, заборавен свет на учебникот – книгата за почетници, кој ветувал среќна иднина, и другиот, стварниот, кој таа иднина брутално ја оспорувал. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.“

На прашањето со што точно се бави во „Црвеното училиште“, Угрешиќ ќе одговори: „Искрено, не знам. Вистина, не ми се страни поимите како appropriation art, intervention art, soc-art… своевремено, бев магепсана со концептот soc-art на уметниците Илја Кабаков, Александар Меламид, на писателот Лев Рубинштајн и други. Го открив и искривоколчениот аматеризам на Хенри Даргер, го сакам југословенскиот соц-артист Душан Оташевиќ, ги обожувам филмовите на Душан Макавеев, но мислам дека одговорот не треба да го бараме во таа насока. Јас никако не сум „уметница“, и сѐ што е на изложбата е рециклажа, постапка на очудување или зачудност, кои настојувам да ги постигнам со мали интервенции. (…)

Најново

Последни колумни