📸Кајли Џенер е бремена? Фотографијата на Инстаграм ги подгреа шпекулациите

од Vladimir Zorba

Обожавателите на Кајли Џенер шпекулираат дека инфлуенсерката е бремена, а сето тоа поради фотографијата што ја објави на Инстаграм, а на која позира со семејството во широка облека. Фотографијата на која Кајли позира во тренерка со нејзините сестри, мајка и баба е направена на погребот на сестрата на Крис Џенер, Карен Хотон, која почина на 65-годишна возраст во март.

Фановите на Редит се прашуваа дали Кајли очекува бебе со момчето Тимоти Шаламет поради нејзиното лежерно модно издание без шминка, додека нејзините сестри позираа во свечена облека.

„Кајли е во породилна тренерка со потпис“, „Зошто Кајли е облечена како да оди во теретана?“, „Повторно е бремена и тоа го крие“, напишаа фановите на социјалната мрежа и додадоа дека можеби тоа е причината поради која подоцна ја отстрани фотографијата од Инстаграм.

Да потсетиме, Кајли е мајка на две деца кои ги имаше со раперот Тревис Скот. Таа и нејзиниот нов дечко Тимоти се во врска помалку од една година, а на почетокот својата романса ја чуваа во тајност со месеци. Тие се појавија заедно на минатогодишниот Златен глобус каде се бакнуваа за време на церемонијата.

Слични содржини