Кабината се распадна, патниците паднаа во амбис: Страшна несреќа на жичница во Анталија/ВИДЕО

1131

Едно лице загина, а десет се повредени кога кабина удрила во потпорен столб што држи жичница во близина на турското летувалиште Анталија, соопштија турските власти. Една од колоните на жичарницата Тунектепе, вчера, од засега непознати причини се урнала, а осум лица во кабината, која се распаднала по ударот во колоната, паднале на карпеста област, објави порталот „Хуриет“.

Турските власти испратија хеликоптери опремени за ноќно набљудување во операцијата за спасување на 184 лица заглавени во 24 кабини на жичница, соопшти синоќа градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочек. Тој додаде дека досега се евакуирани 98 лица заробени во 15 кабини на жичница и дека спасувањето продолжува.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека недостасува подот од кабината во која се наоѓале туристите, па се претпоставува дека поради некоја причина се урнал. На повредените им била укажана помош на лице место.

На терен се испратени и противпожарни, полициски, медицински и спасувачки екипи, а денеска се продолжува со евакуација на затрупаните лица од преостанатите 14 кабини на жичницата.