📽️Пахор со порака на македонски како поддршка за Пендаровски

од Nikola Popovski

Екс-претседателот на Словенија, Борут Пахор испрати видео со поддршка за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Дел од пораката Пахор ја кажува на македонски јазик.

„Стево е одговорен македонски и европски државник, приоритет му е благосостојбата на Македонија и македонските граѓани, но особено го поддржувам бидејќи е чесен човек. Изборот е лесен, Стево е вашиот претседател“ вели Пахор во обраќањето, објавено на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stevo Pendarovski (@stevopendarovski)

Претходно Пендаровски доби поддршка и од германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Изборот е во ваши раце“, порача Шолц во видео пораката која беше прикажана на одбележувањето на почетокот на кампањата на СДСМ за парламентарните избори што се одржува денес во Скопје. Тој посочи дека европската иднина на Северна Македонија ќе се поддржи со давaњето на гласот за СДСМ, со Димитар Ковачевски како премиер и Стево Пендаровски како претседател.

Слични содржини