Патници доживеале хорор на пат од Скопје кон Софија: Автобусот чадел, им рекле на патниците да не заспиваат за да не се кршат прозори!

t

„Не заспивајте, да не треба да кршиме“, си кажувале меѓу себе патниците кои на 29 ноември патувале од Скопје за Софија и назад со автобусот на „Македонија сообраќај“, пишува „СДК.мк“,

Автобусот чадел по пат, лазел и на крај ги симнал патниците кај Ранковце, по што ги презело патничко возило испратено од компанијата и стигнале дома во 1 по полноќ, наместо околу 22 часот како што било планирано, реагираат патниците кои ја контактирале редакцијата на „сдк.мк“.

Вознемирени од сообраќајките кои се случија во Ласкарци во 2019 (16 загинати) и лани во Бугарија (45 загинати), една од патничките вели дека одлучила да реагира, бидејќи смета оти е очигледно дека никој не врши контрола на превозниците.

Патувањето од Скопје за Софија почнало на 29 ноември во 7 часот, а според превозникот и информациите објавени на нивната интернет страна, пристигнувањето во Софија е во 12:40 по локално време. Во автобусот биле девет патници, од кои шест странски државјани.

Возачот на автобусот во првата фаза од патувањето не развиваше поголема брзина, претпоставував поради влажните коловози. Меѓутоа веќе во Бугарија, во околината на градот Дупница брзината значително се намали и автобусот започна да чади од задниот дел. Паниката се забележа кај сите патници, особено кај нас Македонците, поради неодамнешните трагични настани со автобуски несреќи. Патниците од задниот дел на автобусот се преместија во предниот дел на автобусот. Во тој дел од патот престоеја тунели и угорнини, каде автобусот се движеше со најмала брзина, до моменти на ‘лазење’ по коловозот, сè до целосно гасење на моторот во ризични делови од патот, како во тунелите. Паниката во автобусот стана видлива и сите патници беа на штрек“, вели 36-годишната скопјанка.

Повеќе на СДК.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА: Повредени…

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во…

Автобус полн со деца излета од пат…

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн…

Пијан Македонец со автомобил удрил во автобус…

Во понеделникот околу 19 часот и 20…

Драматично спасување од завеан автобус во Србија:…

Пожарникарите-спасувачи ноќеска евакуираа граѓани од завеан автобус…

Судар меѓу автобус на ЈСП и автомобил…

На бул. АСНОМ во Скопје ноќеска пред…