НАПАД СО НОЖ ВО БОЛНИЦА ВО КИНА: Има жртви, а ранети се и доктори

108

Повеќе од 10 лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина денеска, јавија државните медиуми, без да ја прецизираат природата на нападот.

Инцидентот се случил рано утринава во локална болница во градот Жаотонг, јави државната новинска агенција Ксинхуа.

Телевизијата во провинцијата Гуижоу, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека две лица загинале, а 23 се повредени, а осомничениот е приведен.

Очевидци велат дека меѓу повредените има и лекари.