Еве дел од пораките на политичките партии како дел од кампањата за Парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај 2024.
Конфискација на украденото, бара партијата Демократи. Предупредуваат дека државата не може да напредува доколку не му се спротивстави на политичкиот и на стопанскиот криминал.
Земјоделците треба да добијат сигурен пласман на нивните производи. За тоа ќе се ангажира Коалицијата Храбро за Македонија.
Категорично НЕ за промена на уставот, порачаа преку видео порака од Нова Алтернатива. Неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името е велат од паријата.
Категорично НЕ за промена на Уставот, порачаа преку видео порака од Нова Алтернатива. Неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името е велат од паријата.
„Премиер за сите“! Овој дел од изборната програма на ДУИ го претстави Талат Џафери, како кандидат за пратеник во идниот парламентарен состав. Смета дека доследно и професионално ја извршувал улогата на прв премиер Албанец, со што станал пример за одговорност, зрелост и взаемна почит.