Римска војна за ветеранот на Ливерпул

Коренити промени ќе се случат во Ливерпул летово со заминувањето на Јирген Клоп, а еден од оние играчи кои сигурно ќе го напуштат „Енфилд“ заедно со германскиот стратег е Жоел Матип.

Камерунецот дојде во Ливерпул на инсистирање на Клоп како слободен играч од Шалке и мина долги години како член на „црвените“ од „Енфилд“. Неговата минутажа во последните две години значително се намали, а Матип последните четири месеци е надвор од терените поради тешка повреда на коленото.

Раководството на Ливерпул планира поголема минутажа во иднина да добива младиот Кванса, па на 32-годишниот камерунски интернационалец воопшто не му е понуден нов договор и тој како слободен играч летово ќе си замине од англискиот премиерлигаш.

Италија најверојатно ќе биде следна дестинација во кариерата на овој искусен дефанзивец, откако Рома и Лацио веќе стапиле во контакт со неговиот агент испраќајќи понуди за да го доведат Матип во своите редови. Камерунецот бил заинтересиран за преселба во Рим во оваа фаза од кариерата, а во прилог оди и фактот што тој поседува ЕУ пасош, па нема да ја зафати квотата од само едно засилување надвор од ЕУ за италијанските клубови во еден преоден рок.

Пред конечната одлука Матип ќе почека да го види расплетот на сезоната во Серија А, но Рома во моментов делува во предност поради фактот дека може да му понуди на ветеранот повторно да настапува во Лигата на Шампионите (ако „волчицата“ го задржи петтото место до крајот на сезонава).

Се вчитува...