Претседателот Пендаровски му оддаде почит на Гоце Делчев/ФОТО

34

По повод 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

– Во чест на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и национален херој, денеска положив свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, напиша на својата Фејсбук страна претседателот Пендаровски.

Фото: П.Стојановски

 

Покрај претседателот, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии.