Челси не жали пари: Конте пред камбек на „Стемфорд бриџ“?!

Антонио Конте во последните месеци беше поврзуван со нов ангажман во италијанскиот фудбал, трофејниот стратег преговараше и со Милан и со Наполи, но според последните информации Конте е многу блиску до враќање во добро позната средина – и тоа на кормилото на Челси.

Американскиот милијардер Тод Боели потроши богатство на нови фудбалери, во изминатите две сезони смени неколку тренери, но воопшто не е задоволен од начинот на кој се движи Челси. Задоволството на навивачите е огромно, поради што Боели планира летово да го отпушти Маурицио Покетино и на негово место да го доведе Конте, стратегот што му донесе премиерлигашка титула на лондонскиот клуб во сезоната 2016/17. Тој доби отказ една година подоцна откако не успеа да обезбеди место во ЛШ, но Конте остана миленик на навивачите, кои со Италијанецот на клупата би си ја вратиле надежта за далеку подобри резултати во наредната сезона.

Првите контакти се веќе остварени, а понудата изнесува осум милиони евра годишна плата, двојно повеќе од она што го нудат Наполи и Милан. Згора на тоа, Конте би имал и богат буџет за засилувања во Челси, додека кај „наполитанците“ би морал одново да гради екипа по заминувањето на Осимен и на Зиелински.

Италијанецот начелно е заинтересиран за камбек, па се очекува преговорите да се интензивираат и тој наскоро да седне на маса „во четири очи со Боели“ и директно да дискутира околу можноста за враќање во Челси.

Се вчитува...