Една недела постојано го имав нејзиното лице пред очи: Папата Франциско откри дека бил заљубен

Пред својот висок повик, папата Франциско (86) беше заљубен и имаше поинаков живот.

Папата, односно Хорхе Марио Бергољо, како е неговото световно име, имал голема љубов која се случила во момент кога бил на пресврт во животот и бил принуден да направи избор, објави германски „Билд“.

„Една недела постојано го имав нејзиното лице пред очи и ми беше тешко да се молам. Живот. Мојата приказна во историјата“, рекол тој.

Поглаварот на Католичката црква уште во 2014 година ја призна својата емотивна епизода и за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека една девојка „го полудела една недела“.

На прашањето на новинарите како заврши, папата рече:

„Тоа беа работи меѓу млади луѓе. Разговарав за тоа со мојот исповедник“.

Scroll to Top